18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Foto: Printskrin/instagram/avucic
СВЕТ

(Видео) Вучиќ излезе од фрижидер и влезе во студиото на ТВ „Пинк“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како дел од својата изборна кампања повторно излезе од фрижидер, но овој пат директно влезе во студиото на ТВ „Пинк“.

Водителката му отвори врата за да влезе во студиото, каде што беше пречекан од други водителки и публика.

Тој претходно објави спот во кој му излезе од фрижидер на едно семејство.

В недела на 3 април во Србија се одржуваат претседателски и парламентарни избори, на кои Вучиќ повторно е кандидат.

Според последните анкети, една третина од граѓаните на Србија немаат намера да излезат на изборите. Анкетите предвидуваат победа на актуелниот претседател Александар Вучиќ во првиот круг, а за владејачката коалиција предводена од „напредните“ (СНС) повеќе од половина во парламентот.