5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТНАУКА

Американски и руски астронаути заедно слетаа на Земјата: Ние сме вселенски браќа

Американски астронаут и двајца руски космонаути се вратија на Земјата на 30 март од Меѓународната вселенска станица, во редок приказ на соработката меѓу двете земји чии односи беа уништени по почетокот на руската инвазија на Украина.

Марк Ванде Хеј се врати на Земјата со руската ракета Сојуз, откако помина рекордни 355 дена на Меѓународната вселенска станица.

Ванде Хеи слета во Казахстан заедно со Пјотр Дубров од Руската вселенска агенција, кој исто така изминатата година ја помина во вселената и Антон Шкаплеров. По слетувањето, капсулата се превртела на страна поради ветерот, а тројцата астронаути излегле еден по друг.

Овде е убаво“, рече Ванде Хеи, кој последен излезе од капсулата.

За време на враќањето на американскиот астронаут беше следена вообичаената процедура и покрај ескалацијата на тензиите меѓу САД и Русија.

Американскиот астронаут Ванда Хеи изјави дека таа тема ја избегнал со двајца руски колеги.

– И покрај тоа што фантастично се согласуваме, не сум сигурен дека сакавме да навлеземе во тоа – истакна Ванде Хеи.

Пред да ја напушти станицата, Скаплер ги прегрна другите астронаути, за кои рече дека се негови „вселенски браќа“.

– Луѓето имаат проблем на Земјата. Ние сме еден екипаж во орбитата. Вселенската станица е симбол на пријателството и соработката и иднината на истражувањето на вселената – изјави рускиот космонаут во директен пренос на телевизијата НАСА.