24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Шефот на британската дипломатија: Путин не ги постигнува своите цели, па прибегнува кон очајнички мерки

Министерката за надворешни работи на Обединетото Кралство, Лиз Трас (Трус) изјави дека рускиот претседател Владимир Путин прибегнал кон очајни мерки бидејќи не ги постигнува своите цели.

– Путин продолжува да користи одвратни тактики против украинскиот народ, вклучително и киднапирање на невини цивили. Не ги постигнува своите цели и прибегнува кон очајни мерки. Путин мора да пропадне во Украина – рече Трас.