9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија предлага четврта доза од вакцината во ЕУ

Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, денеска на состанокот на министрите за здравство во Брисел изјави дека ќе предложи Европската Унија да препорача четврта доза од вакцината против Ковид-19 за лицата постари од 60 години.

Посочувајќи на податоци од Израел, тој нагласи дека е неопходно итно да се даде препорака за да се намали ризикот од смрт поради инфекција.

Лаутербах додаде дека очекува вакцина приспособена на новите варијанти да биде достапна дури наесен.

Спонзорирано: