5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Бајден носел потсетници додека одговарал на прашања за Путин

Американскиот претседател Џо Бајден беше исмеан на социјалните мрежи бидејќи многумина забележаа дека користел „потсетници“ додека одговарал на прашања на новинарите за војната во Украина и рускиот претседател Владимир Путин, пренесуваат агенциите.

Бајден во саботата беше во Полска, а големо внимание привлече неговата изјава во Варшава дека рускиот претседател Владимир Путин „не може да остане на власт“.

Запрашан за неговите забелешки, поради кои многумина сметаа дека се залага за промена на режимот, 79-годишниот претседател се потпираше на подготвени картички со текстот што го држеше во рака за да одговори на прашањата.

Тој истакна дека не се извинува за своите коментари и дека тие не биле дел од подготвениот говор.

„Тоа е повеќе аспирација отколку што било друго. Не треба да биде на власт. Ваквите луѓе не треба да бидат на чело на државата, но тие се. Факт е дека тие се, но тоа не значи дека јас не можам да изразам лутина поради тоа“, рече тој додека ги држеше „потсетниците“ во раката.

„Разговарав со рускиот народ. Последниот дел од говорот беше разговор со рускиот народ, им кажав што мислиме“, рече тој.

„Го изразив моралното огорчување што го чувствував кон постапките на овој човек. Не зборував за промена на политиката“, додаде тој.

Се чини дека Бајден очекуваше прашање и за францускиот претседател Емануел Макрон и неговата реакција, па одговори и на тоа.

Во белешките на Бајден може да се прочита следново: „Дали ова сега е закана да го наруши единството со вашите сојузници во НАТО?“. Одговорот е: „Не. НАТО никогаш не бил пообединет“.

Ова не е првпат Бајден да користи „потсетници“ кога има јавни говори и настапи.

Ги користеше за време на кампањата, како и за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во 2021 година. Тој, исто така, користел картички со однапред подготвен текст кога ги обиколувал областите погодени од ураганот Ајда во Луизијана и кога зборувал со новинарите на самитот на Г-20 во Рим.

Спонзорирано: