20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТ

Путин денеска издаде наредба и датум: „Непријателите ќе плаќаат гас во рубли“

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот им нареди на владата, Централната банка на Русија и Гаспром да ја променат валутата на плаќање во руската рубља до 31 март за испорака на гас до „непријателските земји“.

Во соопштението на веб-страницата на Кремљ се вели дека Путин побарал извештај за спроведувањето на мерките на 31 март.

Беше појаснето дека Путин им наредил на Владата, Централната банка на Русија и Гаспром да спроведат „сет мерки за промена на валутата на плаќање во руски рубљи за снабдување со природен гас на Европската унија и другите земји кои воведоа рестриктивни мерки против руски државјани и руски правни лица“.

На 23 март, претседателот на Русија рече дека нема причина да продолжи да ги користи доларот и еврото откако САД и ЕУ воведоа санкции кон Русија.

Руската инвазија на Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.

Оттогаш, најмалку 1.119 цивили се убиени, а 1.790 се ранети во Украина, соопштија Обединетите нации. Во исто време, според агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 3,82 милиони Украинци побегнале во соседните земји.