14.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

По големите загуби на русите, над 1000 нови платеници ќе им помагаат на окупаторите во битката против Украина

Британската разузнавачка служба објави дека се очекува Русија да испрати повеќе од 1.000 платеници во источна Украина поради големите загуби.

Руската приватна воена фирма „Вагнер груп“ веќе е присутна во источна Украина и се очекува да испрати повеќе од 1.000 платеници, вклучително и високи офицери, соопшти британското Министерство за одбрана.

Персоналот на Вагнер, наводно, е повлечен од мисиите во Сирија и другите делови на Африка, бидејќи приоритет сега е во Украина.