26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Генералштаб на Украина: Во последните 24 часа се уништени четири авиони, хеликоптер и два тенкови на руската армија

Генералштабот на Украина соопшти дека во последните 24 часа се уништени четири авиони, еден хеликоптер, два дрона, два тенкови и едно оклопно возило на руската армија.

Како што е наведено, руската армија се обидува да ги зголеми можностите за напад со фокусирање на задржување на местото што го зазеде во Украина.

Најавено е дека истовремено ќе продолжат ракетните и бомбашките напади врз воената и цивилната инфраструктура.

Наведено е и дека украинската армија продолжува да спроведува одбранбени операции на истокот, југоисточниот и североисточниот дел на земјата.

Генералштабот соопшти дека продолжува одбранбената борба против нападите на руската армија, особено во населбите Тополское, Каменка, Сухаја Каменка, Волин и Северск. Тие потврдија дека е спречен напредокот на руската војска кон Киев, Гуљајпоље и Запорожје.

Оттаму додаваат дека во изминатиот ден украинските сили уништиле два тенкови, оклопно возило, четири авиони, хеликоптер и два беспилотни летала.