25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАСВЕТ

Украина: Русите уништија десетици цркви и три џамии

Речиси 60 места за богослужба во Украина се оштетени или уништени од руските напади од почетокот на војната, според украинските власти.

Управата задолжена за црковни работи изброила 59 гранатирани верски објекти.

Украинската православна црква, која работи под Московската патријаршија и е особено силна на истокот на земјата, претрпе особено тешки загуби, се вели во извештајот.

Во списокот што го објави Државната служба за национална политика и слобода на совеста се наведува дека во борбите досега се оштетени Католичката црква, пет протестантски цркви, три џамии и три синагоги.