20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Црногорското МНР: Одлуката на Русија да протера црногорски дипломати е неоправдана

Одлуката на Русија да прогласи црногорски дипломат во Амбасадата на Црна Гора во Москва за персона нон грата беше очекувана во контекст на реципрочни мерки, но во исто време и неоправдана, особено со оглед на фактот што протераниот дипломат се занимавал со активности спротивни на Виенската конвенција.

„Потсетуваме дека црногорското Министерство за надворешни работи ја донесе споменатата одлука за негово протерување врз основа на процената на релевантните безбедносни органи“, се нагласува во соопштението на МНР.

Црногорското Министерство додава дека одговорот на руската страна е неоснован и непропорционален, особено во однос на бројот на дипломатскиот персонал на руската амбасада во Подгорица, кој е неспоредливо поголем од црногорскиот во Москва.