18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Борел: Војната ќе биде решена во следните 15 дена

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, ги повика 27. земји од ЕУ да продолжат со вооружување на украинската армија бидејќи, како што кажа, сè ќе биде решено во следните 15 дена.

„Украинскиот отпор е извонреден. Руската армија не успева да пробие повеќе од 200 километри од своите логистички бази и изгуби многу војници и тенкови, што можеме да го видиме преку сателит. Украинците со лесна пешадија, вооружени со ракетни фрлачи и ‘стингери’, се ефикасни против тенкови и авиони“, изјави 74-годишниот Борел во интервју за шпанската јавна телевизија TVE.

Запрашан дали трети земји треба да продолжат да испраќаат оружје на украинската армија за да го продолжи нејзиниот наводен успех, Борел одговора: „Тоа е најважното нешто. Затоа што сè ќе биде решено во следните 15 дена“.

Запрашан да го објасни конкретниот рок, тој додаде дека сака да каже оти тоа нема да биде во рок од 24 часа.

„Отпорот ќе продолжи сè додека е потребно, но целта на руската инвазија пропадна“, рече поранешниот шеф на шпанската дипломатија. Борел додава дека Русите изгубиле третина од своите војници во изминатиот месец, колку што трае нивната инвазија на Украина.

„Кога ќе се собере бројот на загинати, ранети и заробени, останаа без 40.000 војници. Тоа е проценката“, нагласи тој. Борел тврди и дека украинскиот отпор го скршил обрачот околу Киев.