18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ЦУК – Симулациска командно-штабна вежба за справување со кризни инциденти

Oваа недела, од 21 до 25 март, во Скопје се одржува Извршна командно-штабна вежба за одговор при серија кризни инциденти во реонoт на Град Скопје под името „Симулациска вежба за спраување со инциденти во Северна Македонија“ (со броеви по вежбовни денови 1, 2 и 3).

Toa истовремено е и работилница за одговор при кризни ситуации, организирана од страна на Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

На симулациската командно-штабна вежба присуствуваше и заменик-шефот на мисијата, Ерик Мајер од Амбасадата на САД во нашата држава, а на почетокот на работниот дел воведен збор имаше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, покрај другите говорници од нашата Армија и ДЗС.

Претставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК), предводени од директорот, Стојанче Ангелов, заедно со заменик-директорот Екрем Зендели, раководителот на Секторот за операции и координација Горан Стојановски, раководителот на Секторот за меѓународна соработка Урим Вејсели и тим вработени од ЦУК активно учествуваа во двонеделните активности на двете земји за обука и извежбување коориниран одговор при кризни ситуации.

Заедничката реализацијата на планираните активности се конкретизираше прво во Командната насочена обука за итни ситуции за тактички одговор при кризни ситуации, а потоа, исто така, со активно учество и во Извршната командно-штабната вежба што тематски е во релација на кризниот менаџмент за справување со ризици и опасности – серија итни ситуации.

Конкретно секој ден имаше различно сценарио за итни кризни ситуации, а при тоа и за конципирање соодветен одговор на истите, при можни: прво опасност од радиолошки материјали во урбана средина, потоа при поплава во реон на град и околина и при голема експлозија во истиот реон, град.

На вежбата беа користени примерите и искуствата од функционирањето на Американскиот стандардизиран систем за команда, контрола и координација на соодветен одговор при појава на инциденти (Incident Command System ICS) што во САД дал добри резултати, а и често бил користен интернационално како образец за слични пристапи за справување со закани, кризни ситуации.