14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Подољак: Воспоставен е некаков дијалог

По 26 дена војна, има одредени поместувања во мировните преговори, изјавил за Би-би-си, Михаил Подољак, еден од учесниците во разговорите од украинската страна.

Тој посочил дека упорноста на Украина ја принудила Русија да ја процени реалноста на посоодветен начин, што помогнало да се воспостави некој вид дијалог.

„Сепак, секоја одлука за мировен договор мора да биде донесена меѓу украинскиот претседател Владимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин“, додал тој.

Подољак рекол дека не е постигнат договор за датум за средба на двајцата лидери.

Тој посочил дека Киев нема да прифати никаков компромис кој би го вклучил прашањето за територијалниот интегритет и украинскиот суверенитет.

Го повторил незадоволството од страна на Украина поради одбивањето на НАТО да воспостави зона на забранети летови над Украина.

„Не го затвораат небото. Тие стојат настрана во време кога десет милиони луѓе бараат место за живеење, а три милиони веќе ја напуштиле земјата. Ова е хуманитарна катастрофа во Европа“, изјавил Подољак.

Спонзорирано: