17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нови силни експлозии во Киев

Неколку силни експлозии oдекнале во главниот град на Украина, додека Киев е под 35-часовен полициски час.

Една од експлозиите била толку силна што ги активирала алармите на автомобилите во центарот на градот, сведочи тимот на Си-ен-ен.

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, изјави дека украинската воздушна одбрана се активирала и уништила руска ракета, односно дека остатоците од проектилот паднале во реката Днепар.

Киев во моментот е под полициски час што во понеделникот го објави градоначалникот, Виталиј Кличко. Во изјава на „Телеграм“, Кличко рече дека полицискиот час ќе почне во понеделник во 20 часот и ќе трае до 7 часот наутро в среда.

„Утре нема да работат дуќани, аптеки, бензински пумпи, институции“, изјави вчера тој.

„Затоа, ги молам сите да останат дома или во засолништа. Само оние со посебни дозволи ќе можат да се движат низ градот“, додаде Кличко.

Спонзорирано: