8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган ја повика ЕУ да ги отвори пристапните преговори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја повика Европската Унија да отвори пристапни преговори со Анкара, еден ден пред европскиот самит во Брисел за руската инвазија на Украина.

„Очекуваме ЕУ бргу да ги отвори поглавјата од пристапните преговори и да ги почне преговорите за царинската унија, без бесрамни калкулации“, рече Ердоган по средбата со холандскиот премиер, Марк Руте, во Анкара.

Изјавите на турскиот претседател доаѓаат во време кога војната во Украина ѝ овозможи на Анкара да се врати на меѓународната сцена благодарение на нејзините посреднички напори. Преговорите за можното членство на Турција во ЕУ, кои почнаа во 2005 година, беа во застој во последните години поради зголемените тензии со Брисел за голем број прашања.

Така, на крајот на 2020 година Европската комисија оцени дека изгледите на Анкара за членство се во застој бидејќи нејзините лидери донеле одлуки спротивни на интересите на ЕУ.

„Турција продолжи да се дистанцира од ЕУ, со сериозно назадување во областа на владеењето на правото и основните права“, изрази жалење Комисијата во жестокиот извештај.

Спонзорирано: