12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Објавено е видео од местото на несреќата на Боинг 737 со 132 патници

Авион на China Eastern Airlines со 132 патници се урна денеска во југозападна Кина, јави кинеската државна телевизија, а пренесуваат светските агенции.

Боинг 737 се урна недалеку од градот Вужоу во регионот Гуангкси, што „предизвика пожар“ во планините, јавува CCTV, додавајќи дека е започната спасувачка операција.

Кинеската државна телевизија објави дека авион со 133 патници од Кунминг до Гуангжу доживеал „незгода“ во регионот Гуангкси.

Кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC) соопшти дека во авионот имало 123 патници и девет членови на екипажот.

Првичните извештаи велат дека во авионот во моментот на несреќата имало 133 патници.

Засега не е познат бројот на жртвите, објави CCTV.

На социјалната мрежа Твитер се објавени неколку видеа на кои се гледаат делови од авионот.

*фотографијата е илустративна/ видео твитер