Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Ефтов: Мицкоски ги има карактеристиките да биде полоша мешавина од Георгиевски и Груевски, да се постави над државата

„Христијан Мицкоски располага со сите психолошки карактеристики да биде полоша мешавина, молотов коктел, на Љубчо Георгиевски во делот на парите и Никола Груевски во делот на психолошкото изживување со македонскиот народ“ рече новинарот Васко Ефтов во неговата емисија „Во центар“.

Тој додаде дека Мицкоски со своите постапки во изминатите две-три години покажува дека се доживува оти е над државата

„Вежба во услови на корона, пие во кафана во услови на корона, не почитува закони и ништо од државата. Тоа е психолошка порака дека кога тој ќе дојде на власт ќе биде посилен од државата“ рече Ефтов.

Тој додаде дека политичката траекторија на Мицкоски ќе ги следи и траекториите на Георгиевски и Груевски и дека неславно ќе заврши.

Можеби ќе ве интересира

ТЕПАЧКА МЕЃУ МАЛОЛЕТНИЦИ КАЈ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ – Пријавен инцидент во Ѓорче Петров

ДЕСК

НАПАД И ЗАКАНИ ВО УЧИЛИШЕН ДВОР ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – Полицијата разговарала со 17-годишник

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ: ДЕВОЈКА ПРИЈАВИЛА ВОЗНЕМИРУВАЊЕ ВО КАРПОШ – Маж ја допирал по телото во приватна здравствена установа

ДЕСК