20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бугарскиот премиер за ослободувањето на Борисов: Апсолутна саботажа на обвинителството

Бугарскиот премиер Кирил Петков на состанокот на Советот на министри изјави дека во Бугарија нема независно обвинителство.

„Повторно се соочуваме со апсолутна саботажа од страна на Обвинителството на Република Бугарија под раководство на господинот Гешев“, рече Петков.

Наводите на Кирил Петков уследија откако поранешниот премиер Бојко Борисов беше приведен 24 часа за време на специјална операција доцна навечер во четвртокот, заедно со советничката за медиуми на ГЕРБ, Севделина Арнаудова и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов.

„Беше брутално и гадно, се вративме во комунизмот“, рече Борисов по ослободувањето од притвор.

Според премиерот Петков, обвинителството ги негира законските овластувања на истражните органи и ја попречува работата на секој што се обидел да работи против корупцијата во државата.

„Обвинителството повторно се однесува како адвокат кога станува збор за лица обвинети за корупција“, рече Петков.

Обвинителството смета Петков има уште еден сериозен проблем, бидејќи на тој случај работи и европското обвинителство.

„Иако фактите обично се кријат и бугарската јавност не може да утврди дали и како тие работат, сега постои паралелна европска структура на која повеќе и веруваме. Ќе има многу јасни информации на ниво на ЕУ за тоа како тие всушност работат и што направиле. Многумина велат дека Бугарија е покорена земја. Ние веруваме дека нема да биде така во иднина. Ќе се бориме и ќе направиме се Бугарија да стане нормална европска земја. Битката започна. Ќе ги искористиме сите расположливи средства“, нагласи Петков.

Против Бојко Борисов досега не е покренато обвинение, пишуваат тамошните медиуми.

Новата коалиција, која ја презеде власта во декември, вети дека ќе има нулта толеранција за корупцијата во Бугарија, која е рангирана како најкорумпирана земја во Европската Унија, според Транспаренси интернешнал.