24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Американски сенатор: Русија не може да добие една војна, а камоли да започне нова во БиХ

Американскиот сенатор Крис Марфи ја коментираше изјавата на рускиот амбасадор Игор Калабухов за прашањето за потенцијалното членство на Босна и Херцеговина во НАТО, наведувајќи дека Русија во моментов ја губи војната во Украина и дека нема шанси да започне уште една во БиХ.

– Речиси сите руски сили се заглавени во изгубената војна во Украина. Русија не може да победи ниту една војна, а камоли да започне друга во Босна – напиша тој на Твитер.