25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Добра вест: Се намалува невработеноста во Македонија

Државниот завод за статистика(ДЗС) објави дека стапката на неработеност е 15.7 отсто.

Лани активното население во државава броело 943.004 луѓе, од кои вработени се 795.087, а 147.917 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.0, стапката на вработеност 47.2.

За една година од списокот невработени има помалку 8.000 граѓани

Ако во 2020 година имало 94.614 невработени мажи, лани без работа биле 92.880 мажи. Во 2020 година без работа биле 61.335 жени, а минатата година 55.036.

Власта цели кон тоа невработеноста да ја сведе на едноцифрена бројка.