7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

„Слуга на народот“ – Серијата која го прослави актуелниот претседател на Украина ќе се прикажува на Канал 5 и Нетфликс

Сатиричната хумористична серија од 2015 година, „Слуга на народот“, во која глуми сегашниот украински претседател Володимир Зеленски, повторно ќе се прикажува на „Нетфликс“ и Канал 5.

„Ехо рајтс“ – мала филмска агенција со седиште во Стокхолм е преплавена со понуди за откупување телевизиска серија во којашто професор по историја станува украински претседател. Професорот го глуми Володимир Зеленски – сега вистински претседател на Украина.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, радиодифузерите како што се британскиот Канал 4, грчкиот АНТ1 и романската ТВ ПРО, ги побараа правата за прикажување на „Слуга на народот“ – серија првпат прикажана 2015 година во Украина.

Серијата беше хит во Украина, каде што се прикажуваше три сезони. Откако Зеленски стана лице на украинскиот пркос против руската инвазија, интересот за шоуто го достигна врвот и во странство.

„Ехо рајтс“ ја дистрибуираше програмата, направена од студиото на Зеленски „Квартел 95“ од нејзиното лансирање. Управниот партнер на компанијата, Никола Содерлунд рече дека продажбата драстично се зголемила во последните неколку дена, нарекувајќи го интересот за шоуто „извонреден“.