26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинската војска: Убивме речиси 13.800 руски војници, уништивме 108 хеликоптери

Украинските вооружени сили објавија нови податоци за руските загуби.

Според нив, од 24 февруари до 16 март руските сили изгубиле приближно 13.800 војници, 430 тенкаови, 1.375 оклопни транспортери, 190 парчиња артилерија, 70 MLRS, 43 парчиња противвоздушно оружје, 84 авиони, 108 хеликоптери, 819 борбени возила, три брода и 60 цистерни за гориво.

Во меѓувреме, украинската армија објави и фотографии од запалени хеликоптери.

Според објава на „Твитер“, станува збор за руски хеликоптери на аеродромот во окупираниот Херсон.

„Украинските вооружени сили уништија руски хеликоптери на окупираниот аеродром во регионот на Херсон“, се вели во соопштението.

Џозеф Демпси, аналитичар што работи за Меѓународниот институт за стратешки студии, исто така објави сателитски снимки на „Твитер“.