12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАТЕМАСВЕТИЗБОР

Бајден го нарече Путин „воен злосторник”

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го нарече својот руски колега Владимир Путин „воен злосторник“ поради неговата крвава инвазија на соседна Украина.

„Мислам дека тој е воен злосторник“, им рече Бајден на новинарите.

Претходно денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД „напорно работат“ за да утврдат дали руските сили намерно гаѓаат цивили.

Украина побара од Хаг да ја испита Русија за воени злосторства.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Бајден „зборува од срце“ откако видел слики на телевизија од „варварските постапки на бруталниот диктатор преку неговата инвазија на странска земја“.

Пред три недели Путин нареди голема инвазија на Украина, велејќи дека Русија сака да присили на разоружување на украинската армија и да ја собори прозападната влада.

Украинската армија, поддржана од голем проток на западно оружје, возврати, во голема мера одложувајќи го напредокот на Русија.

Руските трупи се повеќе се свртуваат кон бомбардирање цивили, што доведе до тоа три милиони Украинци да станат бегалци.