9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ОН: Не треба да се казнува жената што протестира на руската телевизија

Портпаролката на Канцеларијата на ОН за човекови права, Равина Шамдасани, на брифинг во Женева рече дека руските власти треба да се погрижат жените да не се соочат со одмазда поради искористување на своето право на слобода на изразување, пренесува „Ројтерс“.

Претходно денеска, официјален Кремљ како хулиганство ја карактеризира акцијата на жената што го прекина преносот во живо на информативна емисија на рускиот државен „Прв канал“ со цел да го осуди конфликтот во Украина.

Жената што упадна во програмата во живо е вработена во истата телевизија и во очигледен чин на несогласување со руската акција во Украина, вчера ја прекина главната информативна програма на тој канал со транспарент со кој ги повикува гледачите „да не веруваат во пропаганда“ и „да ја прекинат војната“ во Украина, осудувајќи ја војната.

Спонзорирано: