8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото принтскрин/јутјуб
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ ја нарече хулиганка новнарката што влета во програма во живо

Кремљ соопшти дека постапките на Марина Овсијаникова, која ги прекина вестите во живо на руската државна телевизија „Канал 1“ за да ја осуди војната во Украина, се хулиганство.

Овсјаникова, инаку една од уредничките на телевизијата, во чин на несогласување со војната во Украина држеше натпис зад водителката во студиото и извикуваше слогани против војната.

„Што се однесува до оваа жена, тоа е хулиганство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пофалувајќи го „Канал 1“ за, како што рече, квалитетна, објективна и навремена програма.

Новинарката напиша слогани на англиски и руски јазик.

„Запрете ја војната. Кажете ѝ ‘не’ на војната“, извика таа додека водителката продолжи да ги чита вестите.

Спонзорирано: