22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
https://www.youtube.com/watch?v=cVObMzq6eMo
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Новинарка на руската државна телевизија во програма во живо повика на прекин на војната, а набрзо беше уапсена

Една од вработените во државната телевизија на Русија „Прв канал“, Марина Овсјаникова, ја прекина главната информативна емисија појавувајќи се зад водителката со паролата „Не на војната, прекинете ја војната“.

Овсјаникова на транспарентот напиша: „Не верувајте во пропагандата, овде ве лажат. Русите се против војната“.

Водителката не знаела дека зад неа стои Овсјаникова, па продолжила да ги чита вестите. Каналот потоа премина на друг извештај.

Пред тоа Овсјаникова снимила порака во која изјавила дека се срами од тоа што го прави на Првиот канал кој емитува пропаганда, а татко и е Украинец.

Таа, наводно, била уапсена и приведена од полицијата по инцидентот. Инаку, според новиот закон кој неодамна беше усвоен во Русија, новинарите би можеле да се соочат со затворска казна до 15 години затоа што зборуваат против инвазијата на земјата во Украина.

Спонзорирано: