17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Бајден – Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е Трета светска војна

Соединетите Американски Држави нема да испраќаат војници во Украина, соопшти американскиот претседател Џо Бајден на 11 март.

„Сакам да бидам јасен – ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО со цела сила на обединетото и галванизирано НАТО“, напиша претседателот на САД на Твитер.

„Но нема да водиме војна против Русија во Украина. Директната конфронтација меѓу НАТО и Русија е Трета светска војна“, напиша тој.

Бајден неколку пати рече дека не се разгледувало прашањето да се испраќа американска војска во Украина како одговор на рускиот напад.