17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров: Денешната средба покажа дека нема алтернатива за разговорот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Турција се сретна со неговиот украински колега Дмитриј Кулебa.

Министерот за надворешни работи Дмитр Кулеба изјави дека средбата била тешка, а разговорот со Лавров бил без договор за прекин на огнот и хуманитарен коридор од Мариупол.

Посредник на средбата беше турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу.

Лавров рече дека денешната средба покажала дека нема алтернатива за разговорот.

„ Користевте луѓе како жив штит“, рече Лавров, мислејќи на украинската страна.

Зборувајќи за руската страна, тој рече дека приказната за хуманитарните коридори сè уште е „на маса“, и да се разговара кои патишта се најбезбедни.

„За време на последната рунда разговори руската страна излезе со конкретни предлози, а украинската нè увери дека ќе даде конкретен одговор. Сакаме сериозно да разговараме за работите“, рече Лавров.

Тој рече дека е важно сериозно да се зборува за ситуацијата, а за тоа се зборува и денеска.

„Тие дозволија употреба на оружје во Украина, кое може да се постави секаде, а го користат терористи. Ќе ја прашаме ЕУ како е можно оваа закана за Русија да се создава со години. Во годините што доаѓаат ние ќе ги има овие закани не само од Украина, туку секаде во ЕУ. Дали ќе нападнеме друга земја? Нема, не сме ја нападнале ниту Украина“, рече Лавров, додавајќи дека Путин зборувал за тоа и претходно.

На фотографиите од средбата што ги објави Захарова се гледаат министрите на Русија и Украина како седат еден спроти друг.

Спонзорирано: