24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бочварски: Ја зголемуваме динамиката на реконструкција на локалните улици во општините

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески денеска остварија работна средба со делегација од Светска банка предводена од Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка за Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за реализација на инфраструктурните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка.

Министерот ги потенцираше проектите за „Зајакнување на транспортната трговија” и за „Изградба и санација на локалните улици и патишта”, како еден од клучните за развој на општините и подобрување на локалната економија.

Проектот е вреден 70 милиони евра. Во овој момент привршуваат работите на реконструкција на 62 улици низ општините со преку 60 километри. Министерството за транспорт и врски објави и трет јавен повик за реконструкција на 17 улици во девет општини.

„Разговорите беа во фокус на реализација на капитални проекти финансирани од Банката. Имаме добар напредок во проекот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта и ова е еден многу значаен проект во Министерството со кој даваме силен инпут на општините. Зборувавме и за реализација на други капитални проекти и очекуваме Банката и во следниот период да биде силен поддржувач на нашата држава во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура”, изјави Бочварски.

На средбата се зборуваше и за проектот за реконструкција на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.

Спонзорирано: