17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британската влада го замрзна имотот на Роман Абрамович

Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, е еден од седумте руски олигарси санкционирани од британската влада. Нивниот имот е замрзнат, како и сите трансакции, објави Би-би-си.

Да потсетиме, на Абрамович претходно му беше забранет влез во Велика Британија, бидејќи е еден од клучните соработници на рускиот претседател Владимир Путин, кој нареди инвазија на Украина.

На третиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина, рускиот тајкун реши да го предаде управувањето со Челзи на своите повереници. Покрај Абрамович, санкциониран е и неговиот поранешен деловен партнер Олег Дерипаск.

Санкционирани се и Игор Сечин, извршен директор на Роснефт, Андреј Костин (Андреј), претседател на ВТБ банка, Алексеј Милер, директор на Гаспром, Николај Токарев, претседател на Транснефт и Дмитриј Лебедев, претседател на Управниот одбор на Росија.

Инаку, британската влада досега воведе санкции за повеќе од 200 физички лица.

Спонзорирано: