8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Швајцарија денеска ги заостри санкциите кон Русија

Швајцарската влада денеска ги продолжи санкциите кон Русија во согласност со понатамошните мерки воведени од Европската Унија, заострувајќи го извозот и финансиските услуги во таа земја поради нејзиниот напад врз Украина.

Отстапувајќи од традиционалната неутралност, Швајцарија во понеделникот одлучи да ги усвои санкциите наметнати од Европската Унија (ЕУ) за руските граѓани и компании и да го замрзне нивниот имот.

Швајцарија денеска усвои нови финансиски мерки, вклучително и забрана за трансакции со Русија преку централната банка и усвојување на мерките на ЕУ СВИФТ, а исто така го блокираше извозот на бројни производи во Русија.

Спонзорирано: