12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин е подготвен за дијалог со Украина доколку се исполнат сите руски барања

Во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц, рускиот претседател Владимир Путин негираше дека руските војници ги бомбардираат украинските градови, отфрлајќи ги таквите информации како лажни, соопшти денеска Кремљ.

Путин рече дека извештаите за наводните воздушни напади врз Киев и другите големи градови се груби пропагандни лаги, се вели во соопштението на Кремљ.

Исто така, Путин му рекол на германскиот канцелар дека Русија е подготвена за дијалог со Украина доколку се исполнат сите нејзини барања.

Путин потврди дека Русија е отворена за дијалог со украинската страна, како и со сите оние кои сакаат мир во Украина. Но под услов да се исполнат сите руски барања – се вели во соопштението на Кремљ.

Спонзорирано: