18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Борел: Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се целосно во согласност со одлуките на ЕУ

Шефот на ЕУ најави дека на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Брисел се сретнал со министрите за надворешни работи на Албанија и Црна Гора, кои се земји кандидати за членство во ЕУ и членки на Северноатлантската алијанса.

„Албанија, Црна Гора и Северна Македонија се 100% во согласност со одлуките на ЕУ во надворешната и безбедносната политика, вклучително и санкциите против Русија. Во овие тешки времиња, тоа цврсто го потврдува нивниот пат кон ЕУ“, напиша Борел на својот Твитер профил.

Во претходните денови Борел изјави дека БиХ, Северна Македонија, Црна Гора и Албанија се приклучиле на пакетите санкции наметнати од ЕУ против Русија и дека се обврзале да обезбедат нивната национална политика да биде во согласност со одлуките на Советот на ЕУ.