26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Евакуирана руската амбасада во Австралија – Добиле сомнително пакување

Амбасадата на Русија во Австралија утрово е евакуирана откако добила сомнително пакување, јавуваат локалните медиуми.

Според „Скај њуз“, до амбасадата во Канбера бил доставен плик со бел прав, што предизвикало паника кај персоналот.

Полицијата и итните служби пристигнаа на местото на настанот, го евакуираа персоналот и ја опколија областа околу амбасадата.

Австралиската полиција го потврди развојот на настаните, наведувајќи дека е поставен кордон и апелира до јавноста да ја избегнува областа до понатамошно известување.

Австралиската влада застана на страната на нејзините западни партнери и воведе економски санкции против Русија и нејзините највисоки претставници по нападот на земјата врз Украина.

Руската амбасада во средата ги предупреди Австралијците да се воздржат од погрдни коментари на нејзините официјални профили на социјалните мрежи, откако протестот за поддршка на Украина се одржа пред нивното седиште во Канбера.