21.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министер на Луксембург: Русите треба да го убијат Путин

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, денеска изрази сочувство за страдањата на Украинците и му посака на рускиот народ да го елиминира рускиот претседател Владимир Путин за да престане војната.

Во интервју за јавното радио 100,7, министерот изрази жалење што руските граѓани не добиваат доволно информации за војната во Украина преку руските државни медиуми.

„Ако рускиот народ види што прави Путин во Украина, колку Украинците се плашат и колку човечки животи може да има на својата совест, тогаш би го собориле Кремљ“, вели Аселборн.

Тој додаде: „Тоа е можеби сè што може да се посака, Путин да биде навистина физички елиминиран за да се запре сето ова“.

Запрашан од АФП, Жан Аселборн објасни дека тоа го кажал под влијание на емоции, откако западни дипломати од местото на настанот го информирале дека руската армија го напаѓа цивилното население во Украина, спротивно на тврдењата на Кремљ.

Аселборн вели дека е песимист за изгледите за решавање на конфликтот преку дипломатија, со преговори.

„Не треба да им кажуваме на луѓето дека дипломатски ќе успееме да направиме пресврт со Путин како претседател“, рече тој.

Руската инвазија на Украина трае веќе седум дена.

Спонзорирано: