10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Херсон сепак е под руска контрола?

Градоначалникот на Херсон, на југот од Украина, во објава на „Фејсбук“ сугерираше дека градот е под руска контрола.

Според Би-би-си, тој напишал дека во канцеларијата на градската влада денеска имало вооружени посетители, мислејќи на руски војници и дека им рекол дека во градот нема украински војници, туку само цивили кои сакаат да живеат тука.

Тој додава дека руските сили вовеле полициски час од 20 до 6 часот наутро, но дека возила со храна и лекови ќе можат да влезат во градот. Тој исто така напиша, а пренесува Би-би-си, дека автомобилите во градот мора да возат со минимална брзина и дека на пешаците им е забрането да се движат во групи од повеќе од две лица.

„Засега е како што е. Украинското знаме сè уште е над нас. А за да остане така, мора да ги почитуваме овие барања“, напиша тој.

Би-би-си додава дека не може да ги потврди овие наводи, но веќе во текот на денот имаше информации дека Херсон е во руски раце, што Украинците го негираа.

Русија претходно објави дека нивната војска го освоила Херсон, најголемиот град досега.