10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Џонсон и Зеленски се договорија за продолжување на санкциите кон Русија

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се согласија дека е неопходно да се прошири списокот на санкции што треба да извршат максимален притисок врз рускиот претседател Владимир Путин во наредните денови, изјави денеска портпаролот на Даунинг стрит.

„Премиерот му кажа на претседателот Зеленски дека Велика Британија денеска собира членови на Генералното собрание на ОН со цел да обезбеди најостра можна осуда на Русија на попладневниот состанок на ОН во Њујорк“, додаде портпаролот, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот Зеленски на „Твитер“ објави дека ги координирал акциите со премиерот Џонсон.