25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Велика Британија воведе санкции кон Белорусија поради Украина

Велика Британија воведува санкции кон Белорусија поради улогата на таа земја во рускиот напад врз Украина, соопшти денеска британската влада.

Министерката за надворешни работи Лиз Трас изјави дека се воведени санкции за поединци и организации „поради улогата на Белорусија во руската инвазија на Украина“, пренесува Би-би-си.

„Режимот на Лукашенко активно ја помага и поддржува илегалната инвазија на Русија на Украина и ќе ги почувствува економските последици од поддршката на Путин“, рече Трас.