10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Луѓето ја запреа руската војска – Војникот пука, Украинците не бегаат (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново видео.

Според Гардијан, кој го објави видеото, видеото е направено во Мелитопол. На снимката се гледа како цивили запираат руски воен конвој.

Украинците им викаат на Русите „Оди си дома“.

„Фашисти. Ќе не пукате ли? Немаме оружје. Одете дома“, се вели на снимката.

Тогаш руски војник пука во воздух. Но, никој не се помрдна.

По некое време колоната возила почнува полека да се движи, а насобраните Украинци се обидуваат со телата да ги запрат.

Гардијан додава дека не успеале да утврдат кога и каде е направена снимката.

*фотографијата е илустративна / видео Твитер