17.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Герашенко: Режимот на Путин сега ќе биде во целосна економска изолација, нека се удави во нафта и гас

По говорот на Владимир Зеленски пред Советот на Европа, режимот на Путин ќе биде во целосна економска изолација, објави украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашенко, на „Фејсбук“.

„Во Руската Федерација нема откуп на нафта и гас! Нека се удави Путин во нив! Без набавка на технологија и опрема, резервни делови и потрошен материјал! Целосна забрана за секоја економска активност до крајот на војната и целосно обновување на територијалниот интегритет на Украина“, рече Герашенко.