27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Борис Џонсон: Треба да се подготвиме за милиони бегалци од Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди на ескалација на хуманитарна криза поради руската инвазија на Украина велејќи дека може да се очекуваат милиони бегалци.

„Треба да се подготвиме за уште поголем бран“

„Кога разговарав со американскиот претседател Бајден минатата ноќ, се фокусиравме на хуманитарната криза, која сега почнува. Инвазијата на Путин веќе принуди стотици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и ние мора да се подготвиме за уште поголем бран, можеби и милиони луѓе“, рече Џонсон во Варшава.

„Обединетото Кралство ќе испрати до 220 милиони фунти итна и хуманитарна помош за Украина. Ставив 1.000 војници на готовс за да помогнат во хуманитарните операции во соседните земји, вклучително и Полска“, додаде тој.

УНХЦР објави дека повеќе од 660.000 луѓе избегале од руската инвазија на Украина и се упатуваат кон соседните земји и дека бројот експоненцијално расте.

За шест дена, избегаа повеќе од 660.000 луѓе

„Сега имаме повеќе од 660.000 бегалци што избегаа од Украина во соседните земји само во изминатите шест дена“, изјави портпаролката на УНХЦР, Шабија Манту, за новинарите во Женева. ОН проценуваат дека еден милион луѓе се раселени во Украина, а стотици илјади ја напуштиле земјата.