23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина, засега нема никакви детали

Набргу откако руската новинска агенција Интерфакс објави дека преговорите меѓу Русија и Украина се завршени, беа објавени нови информации дека тие продолжуваат.

Во Белорусија продолжуваат преговорите меѓу руската и украинската делегација, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на телевизискиот канал „Россија 24“ (ВГТРК).

Белоруската државна новинска агенција БелТА објави дека страните ја напуштиле просторијата за време на паузата, но дека преговорите продолжуваат сега. Делегациите и новинарските екипи се уште не го напуштиле местото на средбата, пренесува БелТА.

Дописникот на „Россија24“ додаде дека новинарите кои сега се во регионот Гомел засега немаат никакви детали од разговорот.

„Нема протекување“, додаде дописникот. Засега не се објавени ниту координатите, ниту името на местото каде што се водат разговорите.

„Зградата во која се водат преговорите фигуративно се нарекува „рибарска куќа“, јави дописникот.

„Имаше протекување на информации дека разговорите наводно се завршени. Меѓутоа, ние, луѓето што сме сега овде, ништо не знаеме за тоа. Се’ уште траат“, јави дописник на една течевизија пренесуваат агенциите.

Десетици цивили загинаа, а стотици беа повредени при силно руско гранатирање на градот Харков за време на преговорите, соопштија украинските власти.