31.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски го повика Путин: Да седнеме на преговарачка маса за да ја запреме смртта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика претседателот на Руската Федерација Владимир Путин да седне на преговарачка маса за да се запрат смртните случаи.

Тој го упати соодветниот апел за време на неговото обраќање во петокот, пренесува Укринформ.

„Сакам уште еднаш да му се обратам на претседателот на Руската Федерација. Борбите се водат низ цела Украина. Ајде да седнеме на преговарачка маса за да ги запреме погубувањата и смртните случаи“, рече Зеленски.

Зеленски рано утринава уште еднаш му се обрати на Западот и побара помош.

„Утрово сами ја браниме нашата земја. Како и вчера, најмоќните земји во светот гледаат оддалеку“, рече Зеленски во обраќањето до нацијата рано утринава.

Зеленски рече дека Русија продолжила со ракетните напади, во четири часот наутро, но и дека руските војници биле запрени да напредуваат во повеќето правци.

Во телевизискиот говор, Зеленски рече дека руските напади биле насочени и кон воени и кон цивилни цели. Во четири часот наутро се огласија сирените во Киев и во градот Лавов.