20.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Русија исклучена од Советот на Европа

Советот на Европа го иницира процесот за суспендирање на членството на Русија по што земјата беше исклучена од оваа организација.

Русија е суспендирана од Советот на Европа по нападот врз Украина, соопшти денеска шефот на италијанската дипломатија, Луиџи ди Мајо.

Советот на Европа е формиран по Втората светска војна за да ги заштити човековите права и владеењето на правото во европскиот континент и е одделен од ЕУ.

Русија е членка на 47-членото тело за човекови права од 1996 година. Таа беше исклучена од Парламентарното собрание на Советот на Европа поради анексијата на Крим во 2014 година, но беше вратена во 2019 година со целосни права.

Европската Унија ќе ги санкционира рускиот претседател, Владимир Путин, и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.

„Ги ставивме рускиот претседател, Путин, и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, на списокот“, изјави Бeрбок за новинарите додека присуствуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Таа додаде дека „тие двајца се одговорни за тоа што во Украина умираат невини луѓе“ и се одговорни, според неа, затоа што се нарушува меѓународниот систем, а ЕУ тоа не го прифаќа.

Во четвртокот ЕУ објави сет санкции против Русија.