26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / pixabay
СВЕТ

Аеродромите во јужна Русија затворени од безбедносни причини

Сите летови од меѓународниот аеродром Платов во Ростов на југот на Русија се откажани поради затворање на зоната на јужниот воздушен простор, соопшти денеска прес-службата на аеродромот.

Во меѓувреме, сите летови до и од руските аеродроми Краснодар, Анапа и Сочи се суспендирани до крајот на денот, соопшти компанијата Аеродинамика, која управува со овие аеродроми, пренесува ТАСС.

„Руските воздухопловни власти одлучија привремено да ги прекинат летовите до голем број аеродроми во јужна Русија, вклучувајќи ги Краснодар, Сочи и Анапа, помеѓу 4.27 часот на 24 февруари и полноќ на 25 февруари. Утврдено е дека зоната на летови не е безбедна за цивилни летови и патници“, се наведува во соопштението.