16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку четири земјотреси ја погодија Јужна Кореја

Серија мали и природни земјотреси ја погодија областа во близина на затворениот севернокорејски полигон за нуклеарни тестирања, соопшти денеска Јужна Кореја.

Најмалку четири земјотреси го погодија регионот во последните пет дена, соопшти Корејската метеоролошка управа (КМА) во Сеул.

Последниот земјотрес е регистриран утринава и бил со јачина од 2,5 степена според Рихтеровата скала, со епицентар на околу 36 километри од севернокорејскиот нуклеарен тест Пунѓе-ри.

Два земјотреса со јачина од 2,3 степена според Рихтеровата скала беа забележани во понеделникот во областа, а уште еден од 3,1 во петокот.

Севернокорејскиот полигон Пунѓери е единствениот познат објект во земјата за спроведување нуклеарни тестови, каде што последниот познат нуклеарен тест беше извршен во септември 2017 година кога Северна Кореја ја детонира својата шеста и најголема нуклеарна бомба за која тврдеше дека е термонуклеарната „Оружје“.

Меѓутоа, во неделите по експлозијата, експертите укажаа на серија потреси и одрони во близина на базата за нуклеарни тестирања.

Спонзорирано: