16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австриската полиција уапси пијан Хрват кој малтретирал граѓани

Дваесет и седумгодишен хрватски државјанин бил уапсен во центарот на Грац откако во неколку наврати со нацистички поздрав ги запирал минувачите.

Според соопштението на полицијата, пијан Хрват бил пријавен дека малтретира граѓани.

Кога Хрватот ги видел полицајците станал агресивен и почнал да ги навредува.

Бидејќи не го послушал повеќекратното барање да престане со тоа, бил уапсен и против него е поднесена пријава.

По испрашувањето на минувачите кои го малтретирале, било утврдено дека најмалку пет пати го користел нацистичкиот поздрав.

Глорификацијата на нацизмот е кривично дело во Австрија, како и нацистичките симболи и поздрави, поради што против него е поднесена кривична пријава, соопшти полициската управа на австриската покраина Штаерска.

Спонзорирано: