23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руските дипломати ја напуштаат Украина

Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваа руските медиуми, цитирајќи изјави на украински граѓани.

Според нив, наводно, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата.

Претходно, неколку западни земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина откако односите меѓу Русија и Западот достигнаа највисоко ниво на тензија. Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла ваквите обвинувања и официјално побара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

И македонското МНР, вчера апелираше до граѓаните да не патуваат во Украина, а тие што се таму да ја напуштат земјата

Спонзорирано: