26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Столтенберг: Русија мора да избере помеѓу дипломатија или конфронтација

Русија мора да избере помеѓу дипломатско решение за кризата околу Украина или соочување со економски санкции од Западот и зголемено воено присуство на силите на НАТО во источните земји на алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Русија има избор: можат да изберат дипломатско решение, но ако изберат конфронтација, ќе платат висока цена“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон во Брисел.

Тој предупреди дека ќе има економски санкции и зголемено воено присуство на НАТО во источниот дел на алијансата и дека Велика Британија е навистина важен дел од тоа.