14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Пожар во печатница за пари во Франција – повредени 30 лица

Повеќе од 30 луѓе се повредени, а стотици се евакуирани од печатницата за пари во Шамалиер, Франција, во која избувна пожар. На пожарникарите им биле потребни три часа за да го изгаснат пожарот.

На местото на настанот се испратени пожарникари бидејќи вработените во објектот се префрлени на безбедно. На жителите на Шамалиер им било препорачано да останат во становите и да ги држат прозорците затворени.

Пожарот е ставен под контрола по три часа гаснење.

Во соопштението официјалните лица соопштија дека 34 лица добиле полесни повреди, од кои 10 се пренесени на лекување во болница. Меѓу повредените има и двајца пожарникари.